вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Ослич во вино и лук и бомбици со алва и урми

oslic

Последни вести

Секој петок готвиме посно во кујната на Нетпрес, а денеска на менито се риба со лук и вино, а за десерт слатки колачиња со алва, урми и кикирики.

Потребно:

1 кг ослич

1 лажица јадра сол

½ китка сецкан магдонос

1 главица сецкан лук

1 чаша бело вино

1 филџанче вода

6-7 лажици маслиново масло

Подготовка:

На рибата и се лупи кожата, се мие и се реди во тава.Врз нив се става јадрата сол, сецканиот магдонос, сецканиот лук, белото вино, водата, маслиновото масло. Се печи на 200 степени 1 час. Во текот на печењето еднаш ги превртуваме.

Послужете ја со посна салата од компири или свежа салата.

А за десерт слатки посни колачиња.

Потребно:

500 гр кикирики, испечени без сол, излупени, сецкани

250 гр урми сецкани

250 гр таан алва (изгмечена)

125 гр маргарин

100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Маргаринот и чоколадото се топат на тивок оган и се чека малку да проврие па се тргаат. Во нив се додаваат таан алвата, сецканите урми и сецканите кикирики. Кикириките  се додаваат додека не се згусне смесата, да биде тврда за формирање топчиња. Се формираат бомбици и се валкаат во сецкани кикирики или кокос.

Најчитани вести