Ослободен еден полицаец осомничен за нападот во Диво Насеље

На кумановската група ќе и се суди за тероризам
На кумановската група ќе и се суди за тероризам

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое е надлежно за нападот во кумановскот Диво Насеље се откажа од гонење на поицаецот Африм Сулејмани, осомничен дека бил дел од групата осомничена за тероризам.  Сулејмани е во притвор од 9 мај, и по пет месеци се утврдило дека Сулејмани не учествувал во настаните и дека бил приведен додека се подготвувал да оди на работа.

Меѓу уапсените има уште еден полицаец кој бил и поранешен командир на граничната полициска станица Белановце.

Во терорстичкиот напад во Диво Насеље кој се случи на 9 мај, загинаа 8 полицајци, над 35 полициски службеници беа ранети и повредени. Беа убиени 10 терористи, а полицијата приведе 28 припадници на групата.