Ослободен киднапиран Британец во Либија

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Британецот Дејвид Болам кој беше киднапиран во Либија е ослободен.

Портпарол на „Форин офис“ изјави дека Болам, кој беше учител во Европското училиште во Бенгази, „по тешкиот период кој го помина сега се наоѓа на безбедно и се чувствува добро“.

Неговото киднапирање не беше официјално објавено на барање на семејството и „Форин офис“, но британските власти цело време ги поддржуваа неговите најблиски.