Ослободен киднапираниот јордански амбасадор во Либија

Амбасадорот на Јордан во Либија кој во април беше киднапиран е ослободен, објави Ал Арабија, а потврди и Министерството за надворешни работи на Јордан.

Јорданскиот амбасадор, Фауаз ал Итан, беше киднапиран од страна на група вооружени мажи кои побараа ослободување на исламски екстремист во замена за ослободување на дипломатот.

Засега нема информации дали нивното барање е исполнето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.