9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ослободен командант на УЧК: Чакала го напушти Идризово

Авдил Јакупи, поранешниот командант на УЧК познат по прекарот (Чакала) на крај ја дочека слободата по 14 години во затворот Идризово во Скопје, пишува Журнал.мк.

После 14 години и два месеца излегов од затвор, им благодарам на оние кои за ова време беа со мене, напишал Чакала после излегувањето од затвор.

Авдил Јакупи, познат како командант Чакала, на почетокот од јуни минатата година му испрати отворено писмо на Зоран Заев веднаш по неговото стапување на премиерската функција. Преку ова писмо тој бараше од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело за коешто тврди дека не го направил.