четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 48

Ослободен од заробеништво маринец по 1.5 години

Јеменските бунтовници Хуси го ослободија американскиот државјанин Валид Јусуф Питс Локман, кого во заробеништво го држеа повеќе од година и половина, вчера информира американскиот државен секретар Џон Кери.

маринец

Поврзани вести

„Од самиот почеток мојата екипа и лично јас работевме на ослободувањето на Валид, и тоа во тесна соработка со нашите партнери од регионот“, посочи Кери во соопштение, цитирано од  ДПА.

Тој изрази „најдлабока благодарност“ кон султанот на Оман, Кабус бин Саид ал Саид и Владата на Оман за нивната помош во ослободувањето на американскиот државјанин.

„Ние го поздравуваме, исто така, и позитивниот гест од страна на Хусите“, додаде Кери.

Поранешниот маринец, Локман (37), беше грабнат во април 2015 година, кога се обидувал да го напушти Јемен, каде две години предавал англиски јазик, наведува весникот „Њујорк тајмс“.

Најчитани вести