Ослободена една од членките на „Пуси рајот“

Според руските медиуми, Марија Алијокина, членка на руската панк група Пуси Рајот денеска е ослободена од затворот во Нижни Новгород откако доби амнестија.

Думата во минатиот месец едногласно ја прифати амнестијата со која беа опфатени Алијокина и Надежда Толоконикова, исто така членка на Пуси Рајот која се уште е во затвор.

Таа заедно со нејзината колешка од групата, Надежда во август минатата година беше осудена на две години затворски логор поради протестен концерт против рускиот претседател Владимир Путин во московската црква „Христос спасителот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.