Балкан

Ослободена водителката на „РТС“ која усмрти пешак

Ослободена водителката на „РТС“ која усмрти пешак

Петра Цвијиќ (35), водителката на РТС, која го прегази Слободан Бајиќ (73) со својот автомобил во Белград, денеска на судското рочиште беше ослободена од обвинението.

Водителката на „РТС“, 35-годишната Петра Цвијиќ е ослободена од обвинувањата за предизвикување на сообраќајна несреќа, во која загина пешак, 73-годишниот Слободан Бајиќ, пишува „Блиц“.

Водителката на почетокот на судењето негирала дека со својот автомобил го удрила Бајиќ на пешачки премин, туку на десет метри од преминот.

Судијата во потполност ја прифатил нејзината одбрана, дека на патот се наоѓал автобус од кого не го видела пешакот, иако сведоците тврделе дека не виделе никаков автобус.

Во судницата за време на изрекување на пресудата не присуствувале новинари.

Обвинителството денеска го прецизираше обвинението, така што било истакнато дека водителката не го удрила пешакот на пешачкиот премин, туку неколку метри претходно, но дека била должна да обрне внимание на пешаците што го преминувале коловозот.

Обвинителството барало водителката да биде казнета со затворска казна, не помала од десет месеци затвор, без можност за условна казна. Обвинителството бара и на водителката да и биде одземена дозволата на најмалку десет месеци.

Петра Цвијиќ се брани од слобода, но од инцидентот па се до денес воошто не се појавува на националната телевизија на која читаше вести.