Ослободени киднапираните набљудувачи на ОБСЕ во Украина

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) потврди дека се ослободени четворица членови на нејзината набљудувачка мисија во Украина, кои беа киднапирани пред еден месец во Доњецката област, јави ИТАР-ТАСС.

Портпаролот на мисијата во Киев Мајкл Бочуркив потсети дека четворицата минале повеќе од еден месец во заробеништво.

Втората група од четворица набљудувачи, исчезнати во Луганската област, се уште не се ослободени.

Претходно, претседателот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ објави дека претставниците на ОБСЕ се ослободени и се на пат кон Доњецк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.