Ослободени киднапираните новинари во Турција

Новинари на турската новинска агенција Анадолија кои пред два дена беа киднапирани од припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК) се ослободени.

Тројцата новинари беа киднапирани минатата недела откако беа испратени да известуваат од провинцијата Мардин на југоисток во Турција, каде мнозинство жители се Курди, пренесува МИА.

Безбедносни извори наведувата дека тројцата новинари биле киднапирани кога снимале прилог за ПКК во упориште на таа организација, но без нивна дозвола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.