Ослободени повеќе од 350 деца војници во Централноафриканската Република

Вооружените групи во Централноафриканската Република ослободија повеќе од 350 деца војници, соопшти УНИЦЕФ.

Три одвоении церемонии се одржани во близина на градот Бамбари, на кои децата ги напуштија и христијанските и муслиманските бунтовнички групи. Некои од децата се предадени на УНИЦЕФ, а имаат само 12 години

– Ослободувањето на овие деца во ист ден, по две години жестоки борби е прв чекор кон мирот – изјави претставникот на УНИЦЕФ, Малик Фал.

Се претпоставува дека на страна на христијаните и на страна на муслиманите се борат уште околу 6.000 деца, од кои некои работаат како кувари или курири, додека младите девојки често се сексуално злоставувани.

Договорот за ослободување на децата војници беше постигнат на почеток од месецот, кога се договорија да го положат оружјето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.