Ослободени седумтемина уапсени за убиство на словачкиот новинар

Словачката полиција ги ослободи седумте лица уапсени во врска со убиството на словачкиот истражувачки новина Јан Куцјак и неговата девојка, објавувајќи дека засега нема докази дека се поврзани со ова злостроство.

Словачката новинска агенција ТАСР, повикувајќи се на полициски извори, пренесува во саботата дека осомничените се ослободени по 48-часовниот законски притвор, а медиумите истакнуваат дека тоа е сторени бидејќи повеќе немало основа за нивни задржување.

Според словачките медиуми, станува збор за италијански државјани кои биле уапсени на истокот од Словачка во врска со убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцјак.

Дваесет и седумгодишниот новинар и неговата вереница Мартина Куснирова се пронајдени мртви во нивниот дом во по неделникот вечерта. Куцјал истражувал случаи на политичка корупција и наводна вмешаноста на италијанската мафија Н’драгетаво пролетите финансирани со средства на Европската унија во Словака.

Куснирова беше погребана во петокот. Вечерта во петокот десетици илјади луѓе излегоа на улиците во словачките градови во спомен на убиените и во знак на протест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.