Ослободете се од главоболка со необична масажа

Главоболката е една од најтешките тегоби. Заморот, преоптовареноста, вревата и недостатокот на сон се само некои од причините за главоболка.

Голем број луѓе овој проблем го решаваат со помош на таблети, но постојат и други опции. Оваа масажа ја поттикнува циркулацијата во подрачјето на главата и вратот и така помага во отстранувањето на болката.

Освен тоа масажата на главата е многу пријатна.

Одберете крпа која не е предебел и замотајте ја во ролна.

Држете ја крпата со двете раце на краевите во затегната состојба. Со ритмички движења поместувајте ја крпата како валјак по главата, вратот и рамената.

Масирајте ја главата со оваа техника три до пет минути по што би требало да почувствувате значително олеснување. Ако главоболката не поминува за десет минути повторете ја постапката.

Кај силна главоболка масажата со крпа комбинирајте ја со дополнителна терапија на пример шолја чај од нане, која ќе ги прошири крвните садови.

Бидете сигурни каков вид на главоболка имате. Ако е во прашање мигрена, немојте да ја пробувате оваа метода бидејќи возможно е само да ја влошите главоболката.

Најчестата причина за главоболка е стресот, но имајте на ум дека зачестените главоболки можат да бидат знак за посериозни здравствени проблеми, па затоа најдобро е да се посоветувате со лекар.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.