Ослободете се од стресот во пет чекори!

Попладневната дремка може да ви ги врати силата, расположението и да ви го разбистри умот.

Иако на прв поглед овие чекори се едноставни, кога ќе направите спој од нив, тие ќе бидат вистинско освежување во вашиот живот и ќе му кажете збогум на стресот.

1.Бидете први

Ако ви го дозволува тоа работното место, во петок дојдете на работа еден час порано и излезете еден час порано за разлика од другите денови и први уживајте во почетокот на викендот.

2.Спијте

За навистина да се опуштите, потребен ви е квалитетен сон навечер и тоа неколку денови по ред. Сепак, попладневната дремка преку ден може да ви ги врати физичката сила, расположението и да ви го разбистри умот.

3.Препуштете се на читањето

Времето кое ќе си го посветите себеси ќе ви пробуди чувство на спокој, а читањето на интересен текст еден или два часа за време на викенд ќе го стимулира вашиот мозок и ќе го подобри вашето расположение.

4.Правете го она што го сакате

Не чекајте одмор за да научите да пливате, танцувате или да зборувате странски јазик. Сторете го тоа веднаш. Занимавањето со нови активности дури и слушањето на друг вид музика ги освежува мозокот и телото.

5.Запознајте и слушајте нови пријатели

Проширете ги своите видици и запознајте нови можности. Следниот пат кога ќе запознаете некој внимателно слушајте што таа личност говори. Понекогаш тоа навистина може да го промени нашиот поглед кон светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.