Ослободителната клаузула на Ројс прифатлива за Барса и Јунајтед

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, во најтрофејниот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, доби сериозна конкуренција кога е во прашање потписот на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Марко Ројс.

Раководните лица на популарните „милионери” пред неколку месеци потврдија дека Ројс има побарано во новиот договор да има ослободителна клаузула од 30 милиони фунти.

Таквата парична сума не би требало да биде некаков проблем за раководните лица на каталонскиот гигант и на „црвените ѓаволи”, но најавениот трансфер ќе биде полесно остварлив за време на летниот преоден рок.

Освен побараното обештетување, заинтересираните клубови ќе мораат на младиот крилен напаѓач да му понудат годишна заработувачка од најмалку шест милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.