сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 10

„Ослободување на Скопје“ прикажан на Сараевскиот филмски фестивал

На Гала премиерата на филмот присуствуваше и дел од артистичката екипа предводена од Раде Шербеџија кој ја толкува една од главните улоги и 11-годишниот Давид Тодосовски.

serbedzoja

Последни вести

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан во рамките на „Авант Премиере Програмата” на 22. Сараевскиот Филмски Фестивал што ќе се одржува од 12 до 20 август во Сараево.

На Гала премиерата на филмот присуствуваше и дел од артистичката екипа предводена од Раде Шербеџија кој ја толкува една од главните улоги и 11-годишниот Давид Тодосовски.

Инаку, “Авант Премиере Програмата”, годинава ќе понуди премири на четири филма од автори од регионот. Покрај „Ослободувањето на Скопје“ ќе бидат прикажани и „Дневникот на машиновозачот“ од Милош Радовиќ (Хрватска, Србија), ЗГ80 на Игор Шереги (Хрватска) и „Новини“ на Далибор Матаниќ (Хрватска). Авант Премиер програмата е водеведена во 2014 година како дел од индустрискиот сегмент на Сараевскиот фестивал и има за цел да ја олесни регионалната промоција, дистрибуција во земјите од нашето лингвистичко подрачје.

Главните улоги во „Ослободување на Скопје“ ги толкуват: Давид Тодосовски, Раде Шербеџија; Силвија Стојановска, Луција Шербеџија; Петар Мирчевски и Небојша Глоговац. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Жаклина Крстевска, дизајнер на маска Ана Булајиќ Црчек. Филмот го продуцираа Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор А. Нола и Владимир Анастасов.

Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција и зад него стојат продуцентските ќуќи соодветно Партизанс, Лијени Филм и Арт филмс. Финансиран е од Агенцијата за филм на Македонија, Хрватскиот визуелен центар, Финскиот филмски фонд и Финската Телевизија.

Македонската премиера на филмот ќе се оддржи на отварањето на овогодишниот фестивал „Браќа Манаки”.

Најчитани вести