Македонија

Османи: ЕУ не сака алиби, туку испорачани мерки

Османи: ЕУ не сака алиби, туку испорачани мерки

Европската унија нема да ја интересираат внатрешни изговори, таа ќе сака да ги види испорачани мерките од Планот 3-6-9, истакна во средата вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Во просториите на Владата, заменик- претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерите за одбрана, Радмила Шекеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Билен Салији и за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски одржаа заедничка презентација на статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9 пред Амбасадорите на земјите – членки на ЕУ.

„Имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 претставуваат основно мерило преку кое и администрацијата во Брисел, но и земјите – членки на Унијата ја градат довербата и поддршката за Република Македонија и нејзините европски и евроатлантски аспирации. Токму затоа, од наш интерес е да бидат директно и прецизно запознаени со текот на имплементацијата на Планот”,  потенцираше Османи, во изјава за медиумите пред почетокот на средбата.

Вицепремиерот пред новинарите ги презентираше и сегментите кои ќе бидат претставени на амбасадорите како што е текот на имплементацијата на Планот, предизвиците, изградбата на општествен и политички консензус итн.

Oсмани потсети дека Република Македонија се наоѓа на нешто повеќе од еден месец од излегувањето на Извештајот на Европската омисија , додавајќи дека очекува најдобар извештај досега, кој би бил проследен и со чиста и безусловна препорака. Тоа,смета Османи, ќе биде најголема потврда дека Македонија повторно е вратена на европскиот колосек, што ја отвора шансата за приклучување кон динамиката 20-25 на Стратегијата.

Според вицепремиерот, три односно четири мерки од „Планот 3-6-9“ се означени со „црвено“, односно уште не се завршени. Нивното спроведување доцни поради комуникацијата меѓу политичките партии, информираше соопшти Османи, но не прецизираше за кои мерки станива збор, само навести дека се однесуват на законите од областа на правосудството и безбедносните служби.

И покрај ова, Османи оценува дека постои напредок во комуникацијата меѓу политичките партии, иако уште нема конечен епилог.

„Добро е што има комуникација, се гради базична доверба меѓу страните во овој случај. Мислам дека работните групи се суштински навлезени во решенијата. Нема конечен епилог, но сметам дека прашањето со Законот за јазици треба да биде дел од пакетот и со вчерашните случувања може да го помести целиот процес“, рече Османи.

Додаде дека предвидените реформи нема да завршат со април, туку ќе се динамизираат и ќе се рефлектираат во духот на секојдневниот живот.

Невладиниот сектор пак, пред два дена презентираше извештај од следењето на спроведувањето на мерките од Планот 3-6-9. Според Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Владата во шесте месеци била помалку транспарентна отколку во првите три од спроведувањето на мерките и не објавила фактографски извештај за да види јавноста што е исполнето.

Овој План, дел од министрите го презентираат пред амбасадарите на земјите членки на Унијата, а на 13- март ќе биде презентиран во Брисел.

Во Владата, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерите за одбрана, Радмила Шекеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Билен Салији и за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски одржаа заедничка презентација на статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9 пред Амбасадорите на земјите – членки на ЕУ.