Османи: Клучен период за евроатланските интеграции

Македонија влегува во клучен период за евроатлантските интеграции, кога се очекуваат и клучните датуми за одредување на нашиот напредокот во овие процеси, изјави во понеделникот вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Оцени дека е добро е што започнаа разговорите со опозицијата за постигнување консензус во државата во однос на спорот за името во пресрет на посетата на медијаторото на ОН. Метји Нимиц. Според Османи, тоа дава оптимизам и надеж дека со консензус ќе се изгради државен став што ќе ја подобри позицијата на државата во пресрет на затворање на овој спор, истакна на днешната средба со новинарите вицперемиерот за европски прашања Бујар Османи.

„Јасно е дека и за датум за преговори со ЕУ и за НАТО потребно е решавање на спорот за името. Јас сум оптимист и не гледам друга алтернатива во делот на добивање покана за НАТО ниту во однос на добивање датум за отпочнување на преговорите. Немањето на алтернатива го гледам во фактот што оваа година е многу попогодна за да може да се реши спорот и да може тоа да се материјализира и во членство во НАТО и во ЕУ. Наредниот период е многу понепредвидлив и во државите кои треба да го решат спорот и во самата ЕУ. Така што свесни сме за важноста на моментот и затоа сме одлучни, не по секоја цена, да го затвориме прашањето зачувувајќи го достоинството и во едната и во другата држава и притоа отворајќи ново поглавје на соработка во регионот и на соработка на регионот со ЕУ и со НАТО“, рече Османи.

Посочи дека на координативниот состанок во саботата биле информирани за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц и очекува да се изгради став пред неговото доаѓање во земјава.

„Прерано е сега да коментираме по однос на тоа кој е ставот на државата. Дополнително следи процес на консултации за усогласување меѓу политичките партии. Партиите завчера првпат го видоа предлогот така што важно е дека има разговори на сите нивоа, на ниво на министри за надворешни, на ниво на премиери на држави, има позитивна клима, има интерес кај нашите пријатели за решавање. Има одлучност кај Владата дека мора да се деблокира патот кон НАТО и ЕУ“, истакна Османи.

Во однос на ставот за референдум по однос на евентуалниот консензус за името, Османи го посочи ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети зa грчкиот дневен весник Катимерини, дека партискиот став е оти процесот треба да биде инклузивен, да биде постигнат што поголем консензус, но оти државата е таа што треба да ја преземе одговорноста и дека и во овој случај треба да се примени принципот со договорот со Бугарија, без притоа да има референдум.

Инаку, како што посочи, во Владата постојат два различни става кај коалициските партнери, односно оти СДСМ е на став дека треба да има референдум, а ДУИ дека референдум не е потребен и затоа, вели низ овој процес на консултации меѓу политичките партии треба да најдеме и да изградиме заеднички пристап.

Османи најави дека денеска заминува во Виена 10 дена од објавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ, во рамки на напорите за лобирање за поизвесни европски перспективи на земјата. Продолжува и со мини балканската турнеја со посета на Софија која ќе се случи по објавувањето на Стратегијата за проширување на ЕК, а ќе биде во контекст на можностите за Македонија од претседавањето на Бугарија со Европскиот совет, како и нашите активности и подготовки за историскиот самит за проширување кој ќе се одржи во мај, во Софија.

Според него, до 2025 година се очекува Србија и Црна Гора да станат членки на ЕУ, па се надева дека тоа ќе претставува шанса и Македонија да напредува со реформите.

„Во пресрет на објавувањето на стратегијата на ЕУ за проширување на земјите од Западен Балкан, што ќе се случи за 10-на дена очекуваме Македонија да добие јасна порака за стабилноста и извесноста на нашите европски перспективи. Оваа стратегија е од историско значење, бидејќи за првпат се дава временска рамка“, рече Османи.

Реферираше и за ткн „План 3-6-9“, за кој оцени дека се спроведува во согласност со предвидената динамика, а единствено има застој во донесувањето на одредени закони за коишто е потрбен консензуз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.