Османи: Многу скоро албанскиот јазик ќе биде официјален на централно ниво

Албанскиот јазик ќе стане втор службен на централно ниво во Република Македонија, ова во гостување на телевизија Алсат го најави вицепремиерот за евроинтеграции во новата Влада, Бујар Османи.

Зоран Заев, иако по изборите ретерираше од она што го најави пред нив, како што и сега ретерира од ветувањата кои ги даде после изборите и кажа дека нема да има двојазичност на целата територија, неговиот коалиционен партнер, Бујар Османи од ДУИ го демантираше. Османи кажа дека во предлог-законот кој е договорен за јазиците, се предвидува официјализирање на истиот за централна употреба, забележува порталот Курир.

„Јазикот кој го зборуваат над 20 проценти од граѓаните е исто така службен јазик. Што значи круцијално унапредување што треба да го донесе овој предлог-закон е од локална официјална употреба, албанскиот да го претвори во официјална централна употреба во централните институции. Тука граѓаните ќе ја видат разликата“, изјави Османи.

На прашање на новинарот одговори дека се надева оти законот ќе биде донесен многу брзо, дека одредувањето на датумот е техничко прашање, дека најважно било тоа што се има политички договор. Османи потенцира дека вој потенцираше од владата има волја да се затвори оваа тема.

„Се надевам многу скоро. Во прашање се недели или месеци, зависи како ќе се подготвиме ние во предлогот на тој закон. Јас реков дека во овој процес на затворање на темите, процесот да биде инклузивен и во него да бидат вклучени сите. Заслуги за процето на затворање на темите треба да има и опозицијата. Ние се надеваме на поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Османи,

Курир потсетува дека Зоран Заев иако подоцна ретерираше од ова ветување, како што сега тоа го прави со ветувањата за просечна и минимална плата од 30.000, односно 15.000 денари, вети дека двојазичност ќе има и во Прилеп, град каде речиси и да не живее етнички Албанец, ќе има двојазичност. Бујар Османи, вицепремиерот во неговата Влада, сега потврди дека сепак двојазичноста ќе ја има на целата територија.

„Во Прилеп тој што учи албански јазик, иако е многу мал процентот, може да добие право да учи музичко училиште на албански јазик, да напише барање на албански јазик“, кажа тогаш Заев.