Македонија

Османи преку албанскиот портал Журнал му одговори на Богоевски

Османи преку албанскиот портал Журнал му одговори на Богоевски

Во меѓувреме на ова реплицираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи кој вели дека ДУИ не е македонската политика сцена за да ги исполни агендите на некоја македонска партија туку за реализација на аманетот на паднатите борци од 2001 година.
-Главна грешка на експонентите на македонските партии е тоа што тие политиката на ДУИ ја оценуваат врз призмата на нивните партиски интереси во нивната борба за власт. ДУИ не е македонската политика сцена за да ги исполни агендите на некоја македонска партија туку за реализација на аманетот на паднатите борци од 2001 година и гаранцијата на западот во форма на рамковен охридски договор, тоа е единствениот патоказ на нашата политика а не калкулациите не македонските партии за власт, рече Османи, пренесува албански Журнал.