Осми декември, национален ден на молитви во спомен на Нелсон Мандела

Властите на Јужноафриканската Република (ЈАР), најавија дека утре ќе биде национален ден на молитви во спомен на починатиот поранешен претседател на земјата Нелсон Мандела, пренесе „РИА Новости’.

„Го определивме осми декемвр, недела, за национален ден на молитви во спомен на Мандела. Ги повикуваме сите луѓе да се соберат во црквите, џамиите, синагогите, во харомете воопшто и дома да се молат и да размислат, да помислат за животот на Нелсон Мандела и неговиот придонес во нашата земја и во целиот свет“, се вели во соопштението на Владата.

Нелсон Мандела ќе биде погребан на 15 декември во родното село Куна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.