Осми ден од изборната кампања, партиите продолжуваат со митинзи

Политичките партии денеска, на осмиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинг во Велес. СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќеимаат митинзи во Неготино и Кавадарци. Во Велешта ќе одржат митинг Демократската партија на Албанците.

Коалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓани во Центар и со стопанствениците во Трговскиот центар, Бит пазар и други места во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.