Магазин

Основачот на Фејсбук донирал 25 милиони долари за борба против еболата

Основачот на Фејсбук донирал 25 милиони долари за борба против еболата

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан, објавија денеска на социјалната мрежа дека донирале 25 милиони долари за центрите за контрола и превенција на болести за помош во борба против еболата, објави МИА.

– Епидемијата на ебола го достигна критичниот момент. Од вирусот досега се заразени 8.900 луѓе, но болеста брзо се шири и се верува дека за неколку месеци, доколку ништо не се преземе во борбата против болеста, би можела да зафати милион луѓе и повеќе, наведе Цукерберг.

Тој истакна дека е потребно, во кус рок, вирусот на ебола да биде ставен под контрола, за да не се шири повеќе и да прерасне во светска здравствена криза против која ќе мора да се бориме со децении, како што е ХИВ.