Основачот на францускиот „Национален фронт“ Жан-Мари ле Пен одби доброволно да ја напушти партијата

Основачот и почесен претседател на францускиот екстремно десен „Национален фронт“ (НФ) Жан-Мари ле Пен (86) одби доброволно да се повлече од политичката активност. најави самиот по излегување од партиската централа во париското предградие Нантер, цитиран од ТАСС.

Во партиската централа денеска се одржа советување на партиското политичко биро на кое се разгледуваа санкции за Ле Пен заради неговите провокативни изјави во печатот.

-Засега останувам почесен претседател. Назначен сум од конгрес на партијата и само нов конгрес може теоретски да донесе таква одлука, пред новинарите изјави таткото на актуелната претседателка на „Национален фронт“ Марин ле Пен, пренесува МИА.

Почесниот претседател на НФ и пратеник во Европскиот Парламент
одбива да присуствува на заседанието на извршното биро на партијата по дебатите на политичкото биро.

-Одбивам да учествувам, бидејќи тие веќе ме осудија, рече тој пред да замине од зградата на партијата.

„Политичкото биро ги осудива изјавите дадени и потврдени од Жан-Мари Ле Пен. Тие им противречат на политичките и уставни вредности, како и на општествените цели на нашето движење“, се наведува во декларацијата на политичкото биро.

На советувањето не беа донесени одлуки за какви и да било дисциплински санкции против Ле Пен. Таквата одлука може да ја донесе извршното биро, кое ја продолжува својата седница во Нантер.

Во последните недели Жан-Мари ле Пен имаше серија провокативни настапи за повеќе француски медиуми. Тој, на пример, кажа дека смета дека маршалот Петен нема негативна историската улога. Петен ја предводел колаборационистичката француска Влада во текот на Втората светска војна. Претходно овој политичар за една телевизија истакна дека гасните комори, во кои нацистите гореле луѓе, се само историски детали. На крајот Ле Пен потврди дека неговите изјави се точно пренесени и изјави дека не се откажува од своите зборови, заради што влезе во конфликт со својата ќерка.

Марин ле Пен смета дека изјавите на нејзиниот татко се противречни на актуелната партиска политика и зазема курс кон конечното разијдување меѓу поумерената политика на обновениот НФ и познатите ставови на неговиот основач.

Жан-Мари ле Пен веќе не може да дава изјави од името на „Национален фронт“, бидејќи неговите изјави и противречат на
партиската линија, изјави вчера Марин ле Пен за радио „Европа-1“.