Основан Совет на млади на Општина Илинден

Во Општина Илинден е основан Совет на млади-советодавно тело на Советот на Општината кое што има за цел активно вклучување на младите во јавниот живот.

Советот на млади го сочинуваат седум членови со мандат од четири години, со претседател на Советот избран од нивните редови со мандат од четири години, без можност за повторен избор.

Во надлежност на Советот на млади, покрај другото е поднесувањето предлози до Советот на Општина Илинден за идентификуваните проблеми на младите на локално ниво и начини за нивно можно решавање, давањето мислења по одлуки, програми кои што се од надлежност на Советот на Општина Илинден, а што ги засегаат младите, изработката на извештаи до надлежните органи за програмите на младите, организирањето работилници, предавања, трибини, манифестации и други активности поврзани со младите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.