Основците и средношколците од утре повторно во училишните клупи

За околу 280.000 основнци и средношколци завршува зимскиот распуст и веќе утре се враќаат во училишните клупи и на секојдневните обврски.

Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24-тијануари. Тестирањето ќе биде според нов пристап, кој ќе им го олесни испитот на учениците зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.

За останатите ученици – од трето одделение до трета година средно – екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.