Основците ќе учат за своите потрошувачки права

Бирото за развој на образование во соработка со Организацијата на потрошувачи изработи прирачник за правата на потрошувачите по изборниот предметот Вештини на живеење, што се изучува во седмо, осмо и девето одделение во  основните училишта.

Воведувањето на ова тема во образовниот процес е со цел на учениците да им се доближат проблематиките од  потрошувачкото право и да ги осознаат своите права како потошувачи.

Изработката на прирачникот е финансиран од амбасадта на Швајцарија, и е наменет за наставниците за поуспешно презентирање на содржините за  заштита на потрошувачките права.

Овој предмет во кој се изучуваат правата на потрошувачите е изборен во  основните училишта веќе неколку години, а прирачникот е изработен во согласност со постоечките законски мерки.

Од Организацијата на потрошувачи, кои денеска присуствуваа на промоцијата на прирачникот, велат дека кај нас граѓаните најмногу се жалат на квалитетот на техничките производи кои ги купуваат.
Оттаму апелираат пред купувањето на ваквите производи особено да се обрне внимание на гаранцијата за резервни делови и за сервисирањето, бидејќи многу често, постои негостиг на резервни делови, граѓаните се проморани да купуваат нови производи, со што дополнитело го оптоваруваат домашниот буџет.

pr