Сообраќајци ќе им помагаат на основците при минување на пешачки премини во Кисела Вода

Сообраќајци ќе им помагаат на основците при минување на пешачки во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево започна проект за подобрување на безбедноста на учениците во основните училишта.

Пред започнувањето на наставата, сообраќајци и претставници од училиштата им помагаат на помладите основци кои ги минуваат пешачките премини што водат до училиштето.

9000c483cededb1b5eb1d2214a223b03eb3e1766b275437b5651e68049d6d22f

На овој начин, се подигнува нивото на безбедност, се зголемува свесноста околу почитувањето на сообраќајните правила, прописи и сообраќајните знаци, а се олеснува и одвивањето на сообраќајот. Засилените мерки и активности на полициските службеници и општина Кисела Вода за контрола на сообраќајот во близина на основните училишта ќе се одвиват во континутет се до завршувањето на учебната година.