петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 72

Основен суд Скопје 1 ги демантира обвинувањата од УПОЗ

Во соопштението се посочува и дека во Кривичниот суд во Скопје од 400 вработени само 15-тина се членови на синдикатот на УПОЗ, а поголем дел се членови на синдикатот на САДУ

Основен суд Скопје 1 ги демантира обвинувањата од УПОЗ

Основен суд Скопје 1 ги демантира обвинувањата од УПОЗ

Поврзани вести

Од Основниот суд Скопје 1 преку соопштение ги демантираа денешните обвинувања од претседателот на Синдикатот на УПОЗ дека се врши притисок врз вработените од овој суд за да не штрајкуваат.

– Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ги поздравува напорите на колегите – вработени во судовите во Р.Македонија за остварување на нивните права. Од вчера, претседателот на Кривичниот суд во Скопје учествува на тркалезна маса организирана од Здружението на јавни обвинители на Р. Македонија, Институтот за судска медицина и Академијата на судии и јавни обвинители, која се одржува во Гевгелија, па затоа нејасно е како претседателот на судот може да врши притисок врз вработените кога воопшто не е во Скопје, се наведува во соопштението.

Во однос на најавите за разгледување на можноста за кривични пријави против претседателот и секретарот на судот и претседателот на синдикалната организација, од Основниот суд Скопје 1 истакнуваат дека секој граѓанин има право и може да поднесе кривична пријава, а иституциите кои постапуваат по тие пријави да ја утврдат нивната основаност.

Во соопштението се посочува и дека во Кривичниот суд во Скопје од 400 вработени само 15-тина се членови на синдикатот на УПОЗ, а поголем дел се членови на синдикатот на САДУ.

– Дополнително претседателот на судот е известен дека токму тројца вработени, членови на УПОЗ, подолг период наназад, се заканувале на другите колеги од судот и вршеле притисоци да излезат на штрајк против нивна волја, за што веќе се земени изјави од вработените, случајот е соодветно документиран и законски се информирани надлежните така што разбирливи се заканите кои ги упатуваат од УПОЗ, се вели во соопштението.

Најчитани вести