Основниот проект за конгресниот центар „Александар Македонски“ ќе изеде 400.000 евра

Министерството за култура по година ипол избра основен проект за изградба на новиот конгресен центар „Александар Македонски“, на местото на Универзална сала.

Според критериумите во објавениот конкурс, целокупната проектна документација треба да се изработи во наредните осум месеци, а за тоа е избрано Друштвото за проектирање, градежништво, инжинеринг, трговија и услуги „Архи Груп План А“ од Скопје.

Изработката на главниот проект за конгресниот центар ќе чини околу 400.000 евра.

Мултифункционалниот конгресен центар „Александар Македонски“ ќе се гради според идејното решение на архитектонското студио „Стоун Дизајн“.

Објектот е планирано да се состои од една голема сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта и две помали сали за помали камерни изведби. Во него ќе бидат сместени и четири конгресни сали, како и шест билатерални сали за организирање помали настани.

univerzalna 1

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.