Македонија

Основните училишта во општина Аеродром отворени за собирање донации

Основните училишта во општина Аеродром отворени за собирање донации

Општина Аеродром ги отвори основните училишта на нејзина територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја.

Денес училиштата ќе бидат отворени од 16:00 до 22:00 часот, а од утре во основните училишта ќе може да се донира секој ден од 08:00 до 22:00 часот.

-Апелираме до граѓаните да донираат хуманитарна помош, од која во моментов најпотребна е флаширана вода и храна, велат од општината.