ФОТО: Последниот осомничен во Париз извлечен полугол

Последниот осомничен од зградата во Париз беше извлечен полугол и без долна облека на себе. Полициската акција против терористите во Сен Дени заврши, соопшти портпаролот на француската Влада Стефан Ле Фол.

pariz-akcija1.jpg500

Како што јави дописникот на МИА од Париз, изјавата на Фол уследи по завршувањето на седницата на Владата со учество на претседтелот на Франција, Франсоа Оланд во Елисејската палата.

pariz-akcija2.jpg500

Тој не даде повеќе детали за операцијата, велејќи дека тоа ќе го стори министерот за внатрешни работи Бернар Казенев.

Според информациите со кои се располага досега, но офицјално не се потврдени, во акцијата се убиени двајца терористи, седум други се уапсени, а пет припадници на силите на редот се полесно повредени. Во акцијата е убиено и едно полициско куче.