Осомничени повеќе лица за несовесно работење за случајот Тамара Димовска

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека спроведе низа дејства во врска со случајот на Тамара Димовска од Велес.

Од преземените дејства произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело „несовесно работење“ во службата од чл. 353-в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот, стои во соопштението.

По завршување на сослушувањето, како што е наведено во соопштението од Обвинителството,  ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.