Oсомничениот за убиството на Јанушев, ставен на листата за потраги на МВР

Филип Секуловски, осомничен за убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев, е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи.

МВР во четвртокот соопшти дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев, што се случи пред 18 дена, а по него беше и распишана меѓународна потерница.

-Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев. Поднесена е и кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот – речепред неколку дена министерот Оливер Спасовски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.