Свет

Осомничен маж за тероризам се предаде на белгиската полиција

Осомничен маж за тероризам се предаде на белгиската полиција

Мажот по кој трагаше шпанската полиција поврзан со антитерористичката операција во белгискиот град Вервие, се предаде на белгиската полиција, пренесе МИА.

Абделмунаим Хадад (21) сам се предал на полицијата во предградие на Брисел. Тој имал електронска алка и е испитан од полицијата и се очекува судска одлука дали ќе биде издадена наредба за негово апсење.

Друг маж, осомничен дека избегал во Шпанија, 18-годишниот Холанѓанец Заид Кулис се уште е недостапен за полицијата. Холандската полиција извршила претрес во домот на неговите родители во градот Утрехт, при што одзела комјутери и мобилни телефони. Неговиот пасош бил пронајден во белгискиот град Вервие за време на антитерористичката операција, при што беа убиени двајца осомничени. Родителите на Кулис уште во септември пријавиле во полиција дека тој е исчезнат.

Во антитерористичката операција во Белгија уапсени се 13 лица, од кои петмина се обвинети за учество во терористичка група. Двајца бегалци беа уапсени во Франција и во Белгија и побараа да бидат екстрадирани. Друг осомничен беше уапсен во Атина и се согласи да биде екстрадиран во Белгија.