Осомничениот за убиството во „Империјал“ лежел во затвор во Холандија

Осомничениот за двојното убиство во Охрид, Бојан П.(34) неодамна бил пуштен од холандски затвор каде што издржувал казна заради трговија со дрога, објави порталот „Охрид њуз”.
Според информациите на порталот тој во Холандија соработувал со еден убиените, Ромео Гузлески (38), и тоа најверојатно била причината за ладнокрвната ликвидација. Неофицијално тие имале нерасчистени сметки од криминалниот бизнис во Холандија и токму поради тоа била и вчерашната расправија која заврши трагично.

Тој се соочил со Гузлески и почнале да се расправаат, а сопственикот Васил Ристески (56) застанал на неговата страна. Тогаш Бојан посегнал по пиштолот и со неколку истрели од непосредна близина ги убил двајцата.