Останаа уште пет билети за пласман во нокаут фазата од ЛШ

Синоќа беа одиграни и вторите осум натпревари од 5-то коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Поголемиот дел од осминафиналистите веќе се познати, додека за оние преостанати пет места ќе се чека последното 6-то коло. Досега пласман обезбедија Баерн Минхен, ПСЖ, Барселона, Челзи, Порто, Шахтјор, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Арсенал.

Со победата од 0:2 на гостувањето во Малме, Јувентус ги задржа шансите за првото место во групата, кое доколку сака да го освои во последното коло во директен дуел ќе мора да го победи тимот на Атлетико Мадрид. Шампионот на Шпанија славеше на домашен терен против Олимпијакос со убедливи 4:0, па сега единствена шанса за Грците да се пласираат во осминафиналето е да го совладаат Малме на домашен терен и да чекаат пораз на “старата дама”.

А група

Атлетико Мадрид – Олимпијакос 4:0 (Раул Гарсија 9′, Манџукиќ 38′, 62′ и 65′)
Малме – Јувентус 0:2 (Љоренте 49′, Teвез 88′)

Табела: Атлетико Мадрид 12, Јувентус 9, Олимпијакос 6, Малме 3

Ливерпул продолжува со лошите игри, па иако имаше водство во поголемиот дел од натпреварот против Лудогорец, сепак на крајот одигра само реми, 2:2. Во истата група тимот на Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Базел со 0:1, па сега во последното коло Ливерпул и Базел на Енфилд Роуд ќе решаваат кој ќе биде вториот патник во осминафиналето од оваа група.

Б група

Базел – Реал Мадрид 0:1 (Кристијано Роналдо 35′)
Лудогорец – Ливерпул 2:2 (Абало 3′, Терзиев 88′/Ламберт 8′, Хендерсон 37′)

Табела: Реал Мадрид 15, Базел 6, Ливерпул 4, Лудогорец 4

Иако Баер Леверкузен загуби на домашен терен од Монако, сепак германскиот тим успеа да избори пласман во нокаут фазата, и тоа поради победата на Зенит против Бенфика, во натпреварот кој се играше нешто порано, од 18:00 часот. Во последното коло Монако и Зенит ќе одлучат кој ќе оди понатаму во ЛШ.

Ц група

Зенит – Бенфика 1:0 (Дани 79′)
Баер Леверкузен – Монако 0:1 (Окампос 72′)

Табела: Баер Леверкузен 9, Монако 8, Зенит 7, Бенфика 4

Арсенал славеше против веќе пласираната Борусија Дортмунд со 2:0, па сега во последното 6-то коло и двата тима ќе се обидат да стигнат до првата позиција во групата што ќе им донесе одредени бенефиции во нокаут фазата. Во истата група Андерлехт го победи “расштиманиот” Галатасарај со 2:0 и обезбеди пласман во Лигата на Европа.

Д група

Арсенал – Борусија Дортмунд 2:0 (Саного 2′, Санчез 57′)
Андерлехт – Галатасарај 2:0 (Мбемба 44′, 86′)

Табела: Борусија Дортмунд 12, Арсенал 10, Андерлехт 5, Галатасарај 1