Свет

Останува мистерија дали САД ја прислушкувале Меркел

Останува мистерија дали САД ја прислушкувале Меркел

Државното обвинителство на Германија, нема да поведе истражна постапка во случајот за сознанијата за прислушкувањето на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел, бидејќи тука нема ни сведок нити доказни материјали или документи на располагање, дознаваат денеска германските медиуми.

„Прислушкувањето на телефонот на Меркел од страна на американската служба и надгледувањето на граѓаните останува, најверојатно, без правни последици“.

„Зидојче цајтунг“, НДР и ВДР дознаваат дека сојузниот обвинител Харад Ранџ, според се изгледа, нема да покрене истрага во случајот со шпиунажата од америкаснката служба НСА.

Во двата случаи – и шпионирањето на Меркел и германските граѓани – со месеци траеше проверката и собирањето на материјалите од перспектива на германското државно обвинителство таа истрага имала симболичен карактер.

Нема можност, се вели во Карлсрој, да се дојде до доказниот материјал за активностите на НСА и британската служба во Германија, пренесуваат денеска германските медиуми.

Американската шпионоска афера во која беа погодени германските граѓани, но и како што пренесуваат медиумите, самата германска канцеларка Меркел, предизвикала бројни дискусии во земјите и беше една од темите на разговор на највисоко политичко ниво.