сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 45

Остар пад на индексите на Волстрит поради политичките проблеми во САД

Тоа го отвори прашањето дали Трамп може да биде обвинет за попречување на истрагата, што може да доведе до натамошна ескалација на политичките тензии и да ги одложи планираните даночни реформи и зголемување на државната потрошувачка

volstrit broker

Поврзани вести

На Волстрит во средата цените на акциите забележаа најголем дневни пад од септември минатата година, како последица на стравувањата на вложувачите дека најавената даночна реформа ќе биде одложена поради политичките проблеми на коишто е изложен американскиот претседател Доналд Трамп.

Индексот Dow Jones падна за 1,78 отсто, на 20.606 поени, додека S&P 500 индексот потона за 1,82 проценти, на 2.357 поени, а индексот Nasdaq се лизна за дури 2,57 отсто, на 6.011 индексни поени.

Остриот пад на индексите е последица на скандалите во Вашингтон, од неодамнашената ненадејна смена на дирекорот на Федералното биро за истраги (FBI) Џејмс Коми до медиумските шпекулации дека претседателот Доналд Трамп на шефот на руската дипломатија му дал доверливи разизнавачки информации, и до новите шпекулации на демократските медиуми дека наводно од Коми барал да ја прекине истрагата за неговиот поранешен национален советник Мајкл Флин за неговите наводни врски со Москва.

Тоа го отвори прашањето дали Трамп може да биде обвинет за попречување на истрагата, што може да доведе до натамошна ескалација на политичките тензии и да ги одложи планираните даночни реформи и зголемување на државната потрошувачка. А токму тие најави за потикнувачките мерки го поддржуваа растот на акциите од изборот на Трамп во ноември минатата година.

„Гледавме и досега дека Трамп ги менуваше своите планови и дека во неколку наврати се обиде да ги врати во зацртаните рамки. Но сé повеќе вложувачи семаат дека тоа тешко ќе му оди, имајќи ги предвид последните обвинувања“, вели во анализата за Reuters мајкл О’Рурк, стратег во компанијата „JonesTrading“.

До неодмана VIX, ткн „индекс на стравот“ на Чикашката берза на опциите се движеше на рекордно ниските нивоа, а во средата скокна на 15,3 поени, највисокото ниво од половината на април. Тоа покажува дека вложувачите повеќе ги осигуруваат своите портфељи од можното натамошно паѓање на цените на ајкциите.

Во 9 од 11-те највижни сектори на S&P 500 индексот цените на акциите паднаа, а пораснаа само во дефанзивните секроти, комуналниот и на надвижнините.

Обемот на тргувањето, пак, беше значително од просекот, што укажува на забрзано повлекување од пазарот. На американските берзи во средата сопствениците ги замениче 8,4 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 6,9 милијарди акции.

„Пазарот на ’биковите’ никако не е завршен. Но вложувачите тешко ќе најдат мотивација, имајќи ги предвид сите политички проблеми и фактот дека следнаа сеозна на објавување на деловните резултати е дури за три месеца“, смета Доналд Селкин, стратег во компанијата „Newbridge Securities“.

Најчитани вести