Остатоци од снег на дел од патиштата

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција дежурните екипи на Македонија пат.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак  Маврово- Дебар и Дебар-Струга.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.