Балкан

Оставил пари за погреб, ја задавил сопругата и се обесил

Оставил пари за погреб, ја задавил сопругата и се обесил

„Мајко еве ти 1000 евра и остави ги на страна. Сине, те молам чувај ја сестричката“! Со овие зборови 31-годишниот Александар Павловиќ од Мионица се поздравил со семејството.

Потоа ја задавил својата сопруга Милица (31) па се обесил на дрво на 50 метри од автомобилот каде ја оставил мртвата сопруга.

Неколку часа подоцна кога слушнала што се случило, неговата љубовница А.Б. се отрула со лекови и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Телата на брачната двојка Павловиќ, кои имаат две малолетни деца –  8-годишен син и помало девојче, се пронајдени во атарот на селото Радобиќ каде се одиграла незапаметена драма, пишува српски Курир.