Оставка на првиот судија на Еулекс кој критикува за корупција

Претседавачкиот судина на Еулекс, европската мисија која помага во работата на косовските правосудни тела, објави во четвртокот дека поднесува оставка осудувајќи ја корупшцијата во оваа мисија.

„Последните седмици укажував на неколку случаи на корупцја во мисијата“на Еулекс, вели Британецот Маклолк Сајмонс во разговорот за францускиот дневен весник Le Monde.

Истовремено европски извор во Приштина, запрашан за овие обвинувања рекол за агенцијата AFP, без да навлегува во поединости, дека „Брисел птов негов поди пет истраги, независно од Еулекс, а две се во завршна фаза“.

Британскиот судија му префрла на Еулекс дека сакал „да урне дел од косовската политичка класа, како што е Фатмир Лимај“, поранешен командант на ОВК и лидер на на опозициската партија на претседателот Хашим Тачи.

„Постојат константни притисоци врз судиите“, додава Сајмонс, кој претседава со содускиот совер на Еулекс од 2014 година.

„Многу мои колеги се чесни и имаат чест. Но тие не се борат против системот, тие му се прилагодуваат, бидејќи знаат дека би имале проблеми кога на памет би им паднало да постапуваат исправно“, обвинува натаму Сајмонс.

Во октомври 2014 одина една британска обвинителка, исто тка, ги обвини своите колеки на Косово за корупција, но тие обвинувања беа отфрлени бидеји истрагата наводно не покажала дека оримиле мито од косовски политичлко-криминални кругови.

Мисијата Еулекс, којашто во моментов брои 800 службеници, е воспоставена во 2008 година, по едностраното прогласување на независност на Косово од Србија. Мандатот ѝ е давање поткрепа во градењето стабилен правосуден систем со решавње на случаите кои се сметаат за пречувствителни за локалното правосудство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.