четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 7

Оставка на шпанскиот министер за индустрија поради „Панамските документи“

Сорија соопшти дека поднесува оставка „по повод серијата грешки извршени во текот на изминатите неколку дена“ во врска со објаснувањето за неговите деловни активности и со оглед на, како што истакна, очигледната штета која таа ситуација ја нанесува на шпанската Влада.

Последни вести

Шпанскиот министер за индустрија Хозе Мануел Сорија поднесе денеска оставка бидејќи неговото име се појави во т.н. „Панамски документи“ и медиумските наводи дека е поврзан со офшор компании.

Сорија соопшти дека поднесува оставка „по повод серијата грешки извршени во текот на изминатите неколку дена“ во врска со објаснувањето за неговите деловни активности и со оглед на, како што истакна, очигледната штета која таа ситуација ја нанесува на шпанската Влада.

И премиерот на Исланд Сигмундур Давид Гунлаугсон ја понуди својата оставка поради кризата предизвикана со објавувањето на „Панамските документи“, еден ден откако во јавноста во почетокот на месецот, протекоа 11,5 милиони доверливи документи кои содржат детални информации за 214.000 офшор компании.

Најчитани вести