Оставката на египетскиот кабинет ќе му го олесни патот на Ал-Сиси

Оставката на привремениот кабинет на Египет е изненадувачки потег, кој може да значи создавање на услови за превземање на претседателската функција од страна на командантот на армијата Абдел Фатах ал – Сиси, пишува „Скотсман“.

Владата на Хазем Беблауи беше инаугурирана две недели откако Мохамед Морси беше отстранет од власт.

„Кабинетот во последната половина година носеше тежок и деликатен товар. Ние постигнавме во повеќето случаи добри резултати“, изјави Беблауи.

Кандидирање на Абдел Фатах ал – Сиси за функцијата претседател е очекуван потег и најверојатно наскоро ќе биде објавен. Тој веќе ја има поддршката на командата на армијата. Обучуван е во САД и Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.