Оштетена соларна канделабра на Водно

Оштетена соларна канделабра на Водно
Оштетена соларна канделабра на Водно

Градот Скопје ги информира граѓаните дека за време на викендот на првиот паркинг на Водно од непознат сторител е оштетена соларна канделабра, при што е направена материјална штета.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ и од МВР е направен увид на местото на настанот и за истиот е направен  записник.

Со оглед на фактот што во парк шумата Водно повеќе пати се оштетува поставената урбана опрема, Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема и зелените јавни површини.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.