Оштетени повеќе јасени во Аеродром

Оштетени повеќе јасени во Аеродром
Оштетени повеќе јасени во Аеродром

Во текот на вчерашниот ден, Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Градот Скопје констатираа дека непознати сторители извршиле оштетување на повеќе дрва на кејот на реката Вардар во Општина Аеродром, во близина на ТЦ „Три бисери“.

Станува збор за десетина дрва, од видот јасен, кои се дел од дрворед стар 10 години.

ooooo1

Градот Скопје го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини и истиот ќе го пријави до надлежните служби. Оттаму апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.