Крими хроника

Оштетено возило на скопјанец во Солун

Оштетено возило на скопјанец во Солун
Оштетено возило на скопјанец во Солун

На граничниот премин „Богородица“  од страна на скопјанецот С.И. е пријавено ново оштетување на возило во соседна Грција.

Овој пат, станува збор за оштетување на товарно моторно возило марка „ERF EC 11“ со полуприколка  во Солун.

Имено додека С.И. службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј испрскана била задната регистарска табличка на полуприколката при што целосно била покриена ознаката “МК“. Настанот не е пријавен во грчката полиција.

Инаку во текот на годинава на ГП “Богородица“ досега се евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички сопственост на наши државјани кои биле во соседна Грција.