Остра реакција од меѓународните синдикални организации за упадот во ССМ и незаконската смена

Скандалозно е мешањето на Владата на СДСМ во синдикалното организирање во Република Маледонија. СДСМ преку министерката Мила Царовска направи класичен упад во Сојузот на синдикати на Република Македонија, при што без никаков конгрес и легални избори со само еден лист кој е фалсификуван ја верификуваше незаконската промена на досегашниот претседател на ССМ, Живко Митрески.

Ова предизвика остри реакции од меѓународната синдикална организација ИТУЦ која е најмасовната светска органзиација на синдикати како и од Меѓународната организација за градење и обработка на дрво (BWI) е групација на Федерацијата на Глобалната унија на Слободни и демократски сојузи со членови во градежништво, градежни материјали, дрво, шумарство и сојузничките сектори, кои претставуваат околу 12 милиони членови во повеќе од 130 земји.

ДРЖАВНО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНАТА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ

Почитуван министер,

Јас сум вознемирен и длабоко загрижен поради актите на мешање во внатрешните работи на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) преземени од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија за бришење на лицето д-р Живко Митревски, претседател на ССМ од Централниот регистар на Македонија, врз основа на непотврдена документација поднесена наводно во име на ССМ. Ова претставува чин на ограничување на правото на синдикатите да избираат свои претставници и да ги организираат своите активности во целосна слобода.

Случајот на внатрешно несогласување во рамките на синдикална организација треба да се реши од страна на самите страни, или независен и непристрасен судски орган или арбитер, а не од страна на административен орган, како што е наведено од страна на Комитетот на МОТ за слобода на здружување. Ние сме информирани дека случајот е предмет на тековни судски постапки. Промените направени во Централниот регистар за лицата овластени за застапување на ССМ или која било нова номинација за синдикатите до националните  и телата на ниво на компанија пред да   внатрешниот спор да биде решен, претставува чин на мешање во внатрешните работи на ССМ.

Затоа, повикуваме на пререгистрација на д-р Живко Митревски во Централниот регистар до прашањето за раководството и застапеноста на ССМ е решено од страните, во согласност со статут на ССМ, или од независен и непристрасен судски орган или арбитер.

Меѓународната организација за градење и обработка на дрво (BWI) е групација на Федерацијата  на Глобалната унија на Слободни и демократски сојузи со членови во градежништво, градежни материјали, дрво, шумарство и сојузничките сектори, кои претставуваат околу 12 милиони членови во повеќе од 130 земји. Синдикатот на работниците од шумарство, дрвна индустрија и енергетика во Република Македонија – SIDEMK и Синдикатот за градежништво, индустрија за градежни материјали и Проекција на Република Македонија – SGIP се полноправни членки на BWI.

Со почит,

Ambet Yuson

Генерален секретар

Цц: Г-дин Зоран Заев, Премиер на Владата на Република Македонија

 

Предмет: Државно мешање во внатрешните работи на синдикатите

Почитуван премиер, министер,

Ви пишувам од името на Меѓународната Организација на Трудот на синдикати која застапува 181 милион работник во националните синдикати во 162 земји, вклучувајќи ја и Македонија, за да ја искажеме нашата сериозна загриженост за актите на мешање  во внатрешните работи на нашиот член, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  за ограничување на правото на синдикатите за избор на нивниот застапник и слобода за организирање на нивните активности.

Вашата влада еднаш веќе превзема акт за бришење на лицето Живко Митревски, Претседател на ССМ од Централниот регистар на Република Македонија врз база на непроверена документација поднесена наводно во името на ССМ. Ве потсетуваме дека слична одлука беше превземена  минатата година од страна на тогашниот премиерот  Г-дин Емил Димитриев. Оваа одлука беше поништена, земајќи го во предвид недостатокот на суштествено формално барање во однос на доставената документација (недостаток на oвластени потписи и поштенски марки, меѓу другото). Ние сме исто така информирани дека Вашата влада, врз основа на непроверена oснова, тукушто назначи голем број нови синдикални претставници и ги отфрли  претходнте претставници, во државните консултативни тела на ниво на компанија и одбори на национално ниво на осигурителни и пензиски фондови.

Овие акти претставуваат кршење на меѓународните стандарди за трудот во  член 3 од Конвенцијата на МОТ бр. 87. Член 3  забранува какво било мешање  што го ограничува правото на работниците и организациите на работодавачите за избор на нивен застапник во целосна слобода и организација на нивнта администрација и активности, како и било какво мешање што ќе го го попречуваат законското остварување на правото.

Ве потсетуваме дека Комитетот за слобода на здружување на МОТ многу пати изјави дека во случај на внатрешно несогласување во рамките на синдикалната организација, спорот треба да се реши од страна на страните, или од кој било независен и непристрасен судски орган или арбитар, а не од административен орган. Исто така Ве потсетуваме  дека соодветниот случај е предмет на тековни судски постапки. Промените во  Централниот Регистарот  како и на лицата овластени за застапување на ССМ или новите номинации на синдикатите до националните тела и органите на ниво на компанија пред да се реши внатрешниот спор, претставува чин на мешање во внатрешните работи на нашиот член.

Затоа итно повикуваме на поништување на новите номинации во националните тела и органите на  ниво на копманија и пререгистрација на Живко Митревски во Централниот регистар се додека не се реши прашањето за раководството и застапеноста на ССМ од страна на страните, во согласност со статутот на ССМ , или од независен и непристрасен судски орган или арбитер.