ТОП,Македонија

ФОТО: Јавноста остро против Законот за амнестија

ФОТО: Јавноста остро против Законот за амнестија

Законот за амнестија кој денес ќе се најде пред пратениците во Собранието наиде на остра осуда кај јавноста. Доколку биде изгласан законот поднесен од активистката Мери Николова, на слобода ќе се најдат многу педофили, силувачи и убијци.

Повеќе актери и новинари јавно реагираа и го осудија овој закон.

Јелена Жугиќ: Не поддржувам амнестија на педофили и убијци

jelena

Не поддржувам амнестија за педофили и убијци!!!!! По предлог на „граѓански активисто“ околи 30-тина педофили и уште толку убијци треба да се пуштат на слобода?!?! Собрани се над 10.000 потписи за ова?!?! Кои се тие ДЕМОНИ кои лобираат овие луѓе без рехабилитација и без одлежување на изречените казни да се вратат во нашето секојдневие?!?! НЕ ЗА АМНЕСТИЈА!!!!

Ова е пораката што Јелена Жугиќ вчера ја упати преку статус на Фејсбук.

Гетева: А Законот за амнестија и за џихадистите од Тутунсуз ли ќе важи?

Осуда на Законот за амнестија упати и новинарката Катерина Гетева, која на својот Фејсбук профил напиша:

kgeteva

А законот за амнестија и за џихадистите од Тутунсуз ли ќе важи? и за убиецот на Сандра Китановска, на „тигарот“ Зоран Марковски, на припадникот на „алфите“ Африм Арифи, и за Виктор Карамарков ли ќе важи, и за браќата Асани што убија тинејџери во интернет кафе во Чаир….

Муратовски: Тие што се потпишале, верувам дека немале поим на што го ставаат својот автограм

rubens

Ај сега, ако е ова вистина, сите 11.000 потпишани за амнестија да си ги повлечат потписите, затоа што верувам дека немале поим на што го ставиле својот автограм… Во спротивно ќе сметам дека и тие се исти како педофилите… изопачени… умоболни… отпад на општеството…

Мери Николова, која како што може да се види и во приложеното видео е декларирана обожавателка на одредени политички опции, собра 11.000 потписи за да го поднесе Законот пред пратениците. Неофицијално, според информациите до кои дојдовме, во собирањето потписи за овој закон со своја логистика учествувала една голема опозициона партија.