Остварени барањата на граѓаните од теренската посета на Груевски на мавровско-дебарскиот крај

Како и досега, ветеното се реализира. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и надлежните институции  не ги заборавија своите ветувања дадени пред жителите на реканско-дебарскиот крај.

Минатата година во август, Груевски во својство на претседател на Владата беше во теренска посета на овие населени места, разговараше со жителите и ги слушна нивните барања и потреби. Тоа што им го вети на овие средби, веќе се реализира.

Граѓаните од западниот дел на Република Македонија, особено во општините Маврово Ростуше, Центар Жупа и Дебар со децении чекаа да им биде реализирано она што им го ветувале минатите Влади. Сега со големо задоволство зборуваат дека оваа Влада им ги исполнила ветувањата и задоволила потребите.

На терен се работи со полна пареа.

До крајот на годинава ќе завршат работите на патот Мелнички мост-Центар Жупа во должина од 8 километри. Станува збор за инвестиција од 0,88 милиони евра.

rabota-teren-640x355

Се работи и на патот Ново Село-Маврово во должина од 11,75 километри, а станува збор за инвестиција од 2,55 милиони евра. Веќе има прогрес од 67 проценти, а рокот е до октомври годинава.

rabota-2teren-640x325

Се работи и на патот Жировница, Бошков мост-Дебар во должина од 8.25 километри каде се инвестираат 2,5 милиони евра.

rabota-3teren-640x348

Жителите се заблагодаруваат до македонската Влада и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Велат дека сето она што им е ветено веќе е остварено или на него се работи.

zupa-anketa-640x431

Многу е направено во овој дел бидејќи пред 50 години тука ништо не е вложено. Кога дојде оваа влада што вика дека ќе прави, навистина прави и ние многу сме благодарни бидејќи на овој пат 50 години не е фрлена ниедна лопата. Кога дојде владата на ВМРО-ДПМНЕ почна да се гради патот Маврово спрема Кичево. Изградени се некаде околу 10 километри. Од тука е продолжено да се работи од Маврово кон Жировница. Кога не посети премиерот Груевски и го даде ветувањето. Она што го даде ветувањето навистина се остварува и ние сме многу задоволни за оваа работа. Она што се работи вистински се прави квалитетно. Еден дел од патот е дадено ветувањето околу 5 км и тие се спроведени, надолу према Дебар се работи. Навистина оваа влада е за поздравување.

zupa-2anketa-640x379

За првпат дочекавме она што ни беше ветувано и да се реализира. За првпат после толку години се реализира реконструкцијата на патниот правец Раскрсница Кичево до Маврово. За првпат почнаа припремни работи и за реконструкција на патниот правец Маврови Анови-Жировница и за првпат после толку години активно се работи на проширување и реконструкција на патниот правец Бошков Мост-Дебар. Со ваква динамика на реализирање на она што им се ветува на граѓаните од овие три општини, без разлика на нивната верска и етничка припадност, ние веруваме дека скоро ќе бидеме сведоци на пуштање на патниот правец Бошков Мост-Извор-Кичево, со што за овие простори, за ова население, за индустриските капацитети, за првпат луѓето ќе можат нормално и со полн капацитет да ги користат овие патни правци.

Се исполнуваат и ветувањата на жителите на Жировница. Општина Маврово Ростуше распиша тендер и веќе се работи на локалните пристапни патишта.